-->
-->
Приведени дрвокрадци во неготинско, следува пријава
-->
На 09.03.2025, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Н.Н.(21), Ф.М.(21) и С.А.(25), сите од село Криволак, неготинско. Тие биле забележани како на воениот полигон Криволак со моторна пила сечеле дрва. Притоа, Ф.М. и С.А. побегнале, а Н.Н. бил фатен и од него биле одземени дрвата и моторна пила, по што бил приведен во полициска станица.
Набргу, по преземени мерки, биле пронајдени и приведени Ф.М. и С.А. За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, потпретседател на Собрание
-
Акција против загадувачите
-
Нови правила за сезонските работници во Македонија
-
Студентите ќе ги учат вработените во МОН
-
За 3 дена, 3 жртви во 2 сообраќајки на истокот
-
82 годишнина од депортацијата на штипските евреи
-
Интерепалции: За СДСМ напад на уставниот поредок, за ВМРО-ДПМНЕ чистење од партиски кадри
-
Членовите на Судски совет се уште не одлучиле дали ќе присуствуваат на собраниската седница за нивна интерпелација