Приведени четири лица во рамките на истрагата за терористичкиот напад во Ница
Четири лица се уапсени во рамките на истрагата за терористичкиот напад во Ница, во кај загинаа најмалку 84 лица вечерта на 14 јули, јави дописникот на МИА од Париз.
Истрагата за нападот во Ница продолжува. Четири лица се уапсени во петокот вечерта и утрово и на сите им е изречена мерка во притвор, Сите му припаѓаат на блиското опкружување на напаѓачот Мохамед Лахуеиџ Бухлел, возачот на камионот ладилник од 19 тони со кој уби 84 лица во четвртокот вечерта, удирајќи намерно во толпата народ која присуствуваше на традиционалниот 14 јулски огномет, на шеталиштето „Променад дез Англе“.
Засега се уште нема информации за идентитетот на четворицата приведени, ниту нивната точна поврзаност со убиецот.
Сопругата на Мохамед Лахуеиџ Бухлел, со кого се разведувал, се уште е во притвор. Нејзиниот идентитет не беше објавен исто така.
Француските власти сакаат да ги дознаат мотивите на напаѓачот, неговите евентуални врски.
Терористичката организација Исламска држава денеска официјлано презеде одговорноста за нападот во Ница.
Според соопштението на агенцијата Амак, агенцијата блиска до ИД, „еден војник позитивно одговорил на повикот“.
Во Париз, во тек е, Советот за безбедност и одбрана во Елисејската палата во присуство на премиерот Мануел Валс, министерот за внатрешни работи Бернар Казнев, министерот за правда, Жан-Жак Урвоа, министерот за министерот за надворешни работи, Жан-Марк Ејро, министерот за одбрана Жан-Ив Ле Дриан, и началникот на Генералштабот на вооружените Пјер де Вилиер, исто како и шефовите на француските разузнавачки служби.
Тридневна национална жалост почна денеска, а едноминутен молк е предвидено на пладне в понеделникот низ цела Франција.
Ново на Сител
-
Штип под снежна покривка од 35 сантиметри
-
Гаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг
-
Менкиновски: Македонците со фиктивни адреси во Бугарија ќе ги задржат државјанствата, но ќе платат парична казна
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија
-
Црн чад секојдневно се шири од палење на отпад во кругот на „Ранка Милановиќ“
-
Секоја втора сметка за вода во Гевгелија не е наплатена
-
Пуштена во употреба експресната делница Градско – Дреново
-
Протест на вработените во дел од државните институции, бараат повисоки плати