Приведени 9 лица, повредени 3 полицајци, по натпреварот на КК „Куманово“ и КК „МЗТ“ во Куманово

За време на одигрувањето на првенствениот кошаркарски натпревар помеѓу екипите на КК „Куманово“ од Куманово и КК „МЗТ“ од Скопје, синоќа во спортската сала во Куманово, околу 20,30 часот полицијата презеде мерки за спречување на нарушување на јавниот ред и мир, при што приведени се девет лица.
МВР денеска соопшти дека во текот на третата четвртина од натпреварот од страна на публиката врз гостинските играчи се фрлени разни тврди предмети и недолично однесување при што од страна на делегатот во 20:28 часот е прекинат натпреварот, а во писмена форма е побарано од страна на полицијата да се испразни салата за продолжување натпреварот.
- Од страна на организаторот на разглас е побарано навивачите мирно да ја напуштат салата, меѓутоа истите започнале уште посилно да скандираат дека не сакаат да излезат, продолжувајќи со палење бакли и со фрлање на разни предмети кон теренот и полицијата, при што од страна на Единицата за брзо распоредување е пристапено кон празнење на салата со потиснување на навивачите, стои во соопштението од МВР.
По излегување од салата, се посочува, навивачите продолжиле со нарушување на јавниот ред и мир, со фрлање на камења кон влезната врата на спортската сала, при што се скршени повеќе стакла и повредени се тројца полициски службеници, а оштетени се и две патнички моторни возила.
Од страна на полицијата, се вели во соопштението, масата е разбиена, а состојбата нормализирана, при што привидени се девет лица, од кои на шест им се изречени прекршочни платни налози за сторени прекршоц, а за три лица кои се малолетни постапката е во тек.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
-

„Гајдата на Пеце“ за Дејан Лазаров од кочанско Оризари, Гран при наградата за ансамблот „Седенка“ од Скопје
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
