Приведени 19 лица, од кои седум малолетници, при контроли во угостителски објекти во Прилепско
– Во рамки на проектот „Безбедно лето 2022“, ноќеска од 00.10 до 3.00 часот е спроведена акциска контрола во повеќе угостителски објекти во Прилеп и Прилепско.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при контролата биле констатирани повеќе прекршоци и биле приведени 19 лица, од кои седум малолетници.
-Во објектите биле затекнати седум малолетници по 24 часот, а двајца малолетници биле затекнати при консумирање алкохол. Исто така, десет лица не поседувале документ за идентификација, кај едно лице бил пронајден нож, затекнат е еден странски државјанин со нерегулиран престој, а едно лице го нарушило јавниот ред и мир. Против сите лица и правни субјекти ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информира МВР.
Воедно, од претставниците на Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Трудовиот инспекторат биле констатирани прекршоци во сите контролирани објекти за што ќе бидат изречени соодветни санкции.
Контролата во угостителските објекти ја спровеле полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, СВР Скопје и Одделот за специјални полициски операции во координација со Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Трудовиот инспекторат.
Ново на Сител
-
Најмалку 11 загинати, 22 повредени во автобуска несреќа во Мексико
-
Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Хаг
-
Македонските одбојкари финишираат со подготовките за Европската златна лига
-
Обновен сообраќајот на Кримскиот мост
-
Вучиќ најавува наскоро закон за Избирачкито список, избори кога тој ќе одлучи
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив
-
СДСМ: Kога инфлацијата е 3%, исто колку наводниот раст, нема никаков раст
-
Во Судан нападнат конвој на ОН со храна