Приведени 12 странски и македонска државјанка во тетовски угостителски објект
Дванаесет странски државјанки и едно женско лице од нашата земја биле затекнати и приведени при акциска контрола што вчеравечер од 22 часот до 1 часот и 30 минути по полноќ полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово ја спровеле во угостителскиот објект „Енерџи клуб“ што се наоѓа на излезот од Тетово кон Сараќино и чиј сопственик еТ.Џ.(45) од Тетово, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
- Затекнатите странски државјанки, по 5 од Србија и Албанија, 1 од Бугарија и 1 од Хрватска, на различна возраст од 18 до 31 година и кои биле вработени како танчарки, како и сопственикот на објектот биле приведени и задржани во Секторот за внатрешни работи Тетово по што биле преддадени за натамошна постапка во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, рече Јосифовски.
Тој посочи дека вчерашната акциска контрола е во рамки на постојаните активности на СВР Тетово за откривање и законско санкционирање на странски државјанки кои непријавено престојуваат односно го злоупотребуваат туристичкиот престој и работат на подрачјето најчесто во угостителски објекти како пејачки, танчерки, келнерки и друг угостителски персонал.
Ново на Сител
-
Без вода дел од стар Аеродром
-
МВР: Нормализиран протокот на граничните премини, не е точно дека е вратен стариот систем на контрола на ГП Блаце
-
Трамп објави царини од 30 отсто за Мексико и Европската Унија
-
Мицкоски за можна вмешаност на функционер од ДУИ во пожарите: Aко се потврди вина, ќе биде проблем за некои!
-
Битолчанец фрлил експлозивна направа на улица, оштетил седум автомобили
-
Автомобил без контрола се движел кон полицајци, дрвокрадци рипнале од него во движење
-
Припадникот на АРМ бил убиен бидејќи неговата ќерка одбила да се мажи со лицето кое пукало
-
OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска