Приведена 45-годишна дилерка на кокаин во Тетово
На 29.09.2020 околу 19.30 часот Одделот за криминалистичка полиција, Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опојни материи при МВР, во соработка со полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Тетово околу 18.30 часот ја лишиле од слобода В.Р.(45) од Тетово, дилерка на кокаин.
При извршен личен преглед кај неа биле пронајдени 14 паковки со кокаин, подготвени за продажба, а при претреси во нејзиниот дом во Тетово и во објект во центарот на Тетово, во кој пријавената работела, извршен подоцна со судска наредба, биле пронајдени кокаин и бела прашкаста материја, кои ги продавала и додека била на работното место.
В.Р. е задржана во Полициска станица Тетово и против неа ќе биде изготвен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа