-->
-->
Приведен жител од дебарското село Косоврасти за семејно насилство
-->
Полициски службеници од дебарското Одделение за внатрешни работи приведоа жител од село Косоврасти поради физички напад врз неговата сопруга.
- Во ОВР Дебар, приведен е Н.М.(49) од дебарското село Косоврасти. Тој, на 08 и 09 август 2022 година, во семејниот дом, бил агресивен и физички ја нападнал неговата сопруга. Во нивниот семеен дом, увид извршија полициски екипи, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.
Според него, по целосно документирање на настанот, против Н.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ова е втор случај на пријава на семејно насилство во последните два дена.
Претходно полициски службеници го приведоа С.Б.(67) жител на Дебар кој во семејниот дом физички ја нападнал неговата ќерка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев