Македонија
5. July 2024 - 11:42

Приведен жител на Свети Николе, пронајдена дрога во неговиот дом

Четириесет и двегодишен жител на Свети Николе вчера е лишен од слобода, откако полицијата во неговиот дом пронашла дрога.

- Вчера во 16:45 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе го лишиле од слобода Н.Ј.(42) од Свети Николе. При претрес во неговиот дом, извршен по претходно добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети поврзани со кривичното дело, се наведува во соопштението од МВР.

По целосно документирање на случајот, како што се наведува во соопштението, ќе следува соодветен поднесок.