-->
-->
Приведен возач од Дебар, возел со 2,77 промили алкохол и без возачка дозвола
-->

На 01.05.2025 во 19.20 часот, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода А.Љ.(23) од Дебар, кој претходно, на регионалниот пат кон селото Удово, управувајќи патничко возило „опел“, со дебарски регистарски таблици, не застанал на даден знак за запирање од страна на полициски службеници и се дал во бегство.
Веднаш се преземени соодветни мерки и активности и по кратко време, тој е запрен на улицата „Веби Дибра“ во Дебар и притоа е констатирано дека А.Љ. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,77 промили алкохол во крвта и дека не поседува возачка дозвола. Против А.Љ. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ова не се нови бугарски барања, туку истите од 2022 година
-

Пуштена во употреба реновираната спортска сала „Расадник“
-

Пламен и ветер создадоа драма над Штип
-

Охрид и Струга остануваат привлечни дестинации
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
