-->
-->
Приведен тетовец за издржување затвор од 3,5 години за дрога
-->
Утрово е приведен 36 годишно лице од Тетово кој со наредба од суд се барал за издржување на три години и шест месеци затвор, информираа од тетовската полиција.
Тој бил приведен околу 8.30 часот на улицата Љуботенска.
-Полициски службеници од СВР Тетово го приведоа Л.Ц.(36) од Тетово, кој со наредба од Основниот суд Тетово се барал за издржување казна затвор од три години и шест месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, по член 215 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија, соопшти СВР Тетово.
Приведениот ќе биде спроведен во КПУ Затвор Идризово – Скопје за издржување на казната.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

За првпат од воведувањето на Сејф Сити: Вчера не е фатен ниту еден возач како минува низ црвено светло
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
