-->
-->
Приведен сопственик на угостителски објект, служел гости по работното време
-->
Педесетгодишен гостиварец е приведен од полицијата под сомнение дека служел гости во угостителски објект по дозволеното работно време.
Од СВР Тетово информираат дека вчеравечер (28 февруари) околу 22 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Tетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 50-годишниот гостиварец П.М., Неговиот угостителски објект во гостиварско Беловиште работел по дозволеното време и во него престојувале осум гости. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар за документирање на случајот.
По ова, наведуваат од СВР Тетово, ќе му биде изготвен поднесок за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик, додека објектот е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена