Македонија
19. March 2022 - 14:07

Приведен разбојник во Скопје, пронајдени пари од кривичните дела

Пред трговски центар на подрачјето на Аеродром синоќа во 21.00 часот од полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Аеродром бил приведен малолетник од Скопје осомничен за сторени две кривични дела разбојништво.

Како што денескаинформираа од МВР, тој заедно со уште едно лице во аптеки на бул.„Јане  Сандански“ и трговски центар на подрачјето на Аеродром со закана со остар предмет од вработените одзел пари. Кај него биле пронајдени пари и предмети кои потекнуваат од кривичните дела.

По целосното документирање на случајот ќе биде поднесена содветна пријава.