Македонија
12. July 2019 - 10:32

Приведен осуденик од Тетово, баран со потерница

Вчера околу 18.30 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово го привеле Б.Е.(42) од Тетово, по кого била распишана потерница од Казнено-поправната установа „Идризово“.

Тој бил предаден во КПУ„Идризово“ за доиздржување на затворската казна.