Приведен криумчар на мигранти
Денеска околу 11 часот на автопатот „Пријателство“, во близина на Гевгелија, полициски службеници од РЦ ГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица го лишиле од слобода Ќ.Ш. (24) од село Студеничани, затоа што превезувал мигранти.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, станува збор за шест лица од Кина.
-На даден знак за запирање од полициските службеници, Ќ.Ш. не го запрел возилото и продолжил со движење, по што изгубил контрола и удрил во канделабра, во близина на бензинска станица. Во возилото се пронајдени шест лица од Кина, а двајца од нив биле пренесени во болницата во Гевгелија за укажување лекарска помош. Поради постоење на основи на сомневање дека Ќ.Ш. сторил кривично дело „криумчарење на мигранти“ по чл.418-б ст.2 од КЗ, тој е лишен од слобода, известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје, по чии насоки ќе биде поднесена кривична пријава, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Прифатени аргументите на министерот Николоски за пругата кон Бугарија, велат од Министерството за транспорт
-
Почина Зоки Фаци
-
Шпанија се подготвува за нови дождови, најмалку 158 луѓе загинаа во катастрофата
-
Во Германија е воведен закон кој дозволува еднаш годишно луѓето да го менуваат полот и името
-
На јужен Бејрут нови израелски напади
-
Денеска променливо облачно со температура до 23 степени
-
На државните патишта сообраќајот се одвива непречено
-
Мицкоски: Оваа Влада не ги дели граѓаните по етничка основа