-->
-->
Приведен криумчар кој превезувал 26 мигранти
-->
На 23.08.2022 во 02.40 часот на ул.„Маршал Тито“ во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода А.Г.(31) од Скопје затоа што во возило комбе „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, превезувал 26 лица - мигранти од Сирија, Пакистан, Египет и Индија.
Откако било запрено возило од полициски службеници, возачот и мигрантите се дале во бегство, но набргу по преземени мерки биле пронајдени и приведени. Возачот бил задржан во полициска станица, а мигрантите биле предадени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велешката болница доби два нови апарата, за ортопедски и за уролошки интервенции
-
Приведено лице - соизвршител на кривично дело „убиство во обид“
-
Приведен кавадарчанец, со возило се движел по улицата каде се одржувал „Кавадаречки полумаратон“
-
Општина Аеродром казни угостителски објект со 6.000 евра за бучава поголема од дозволеното
-
Од утре попладне дожд, во сабота 28 степени
-
Тешка сообраќајка на влезот во Битола, две жртви и едно тешко повредено лице
-
Приведени дрвокрадци во неготинско, следува пријава
-
Додик не дојде на сослушувањето во Обвинителството на БиХ