Приведен криминалец кој запалил возило во Глумово
На 20.08.2022 на Граничен премин “Долно Блаце“, по претходно распишан централен распис од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, бил лишен од слобода Б.М.(25) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “предизвикување општа опасност“ по чл.288 од КЗ на РСМ.
Имено, по преземени соодветни мерки и активности, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје утврдиле дека Б.М. на 12.05.2022 во с. Глумово запалил патничко моторно возило „бмв“, сопственост на С.С.. ЕНК при СВР Скопје во координација со Јавен обвинител поднесе кривична пријава по чл.288 од КЗ на РСМ по брза постапка, а пријавениот бил изведен пред Судија на предходна постапка и одредена му била мерка куќен притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-

Русија забрани извоз на петрохемиски производи
-

Мицкоски на средба со раководството на „Дојче телеком“: Дигиталната трансформација и технолошкиот развој се стратешки приоритети на Владата
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
