Македонија
27. October 2023 - 11:43

Приведен крадец во Свети Николе

На 26.10.2023 полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода В.Б.(40) од Свети Николе.

Тој се сомничи дека во времето од 23.30 до 04.30 часот во продавница на ул. „Орце Николов“ во Свети Николе извршил кривично дело „тешка кражба“ од каде одзел пари и производи.

По комплетирање на случајот против В.Б. ќе биде поднесена кривична пријава, соопшти МВР.