Македонија
14. August 2024 - 12:45

Приведен крадец во Стар Дојран, следува соодветна пријава

На 13.08.2024 во 15.20 часот во Стар Дојран, полициски службеници од ОВР Гевгелија-Полициско одделение Нов Дојран го лишиле од слобода Т.А.(40) од Гевгелија. Тој се сомничи дека истиот ден извршил кражба во продажен објект во Стар Дојран, при што одзел пари.

Т.А. бил приведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. Кај него биле пронајдени одземените пари, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против Т.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.