Македонија
13. March 2024 - 15:34

Приведен крадец во Штип

Полициски службеници од Полициската станица Штип вчера во Штип го лишиле од слобода штипјанецот М.К.(31) од Штип.

-Тој бил фатен при вршење кривично дело „тешка кражба“ од стан во Штип, сопственост на Г.Т.(62) и Ф.К.(56), двете од Штип. Лицето било задржано во полициска станица, соопшти МВР.

За случајот бил запознат јавен обвинител и по целосно документирање против него ќе биде поднесена соодветна пријава.