Македонија
1. April 2023 - 9:59

Приведен крадец осуден на двегодишна затворска казна

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје на 31.03.2023 во 20.55 часот на бул.„Трета македонска бригада" во Скопје го лишиле од слобода М.М.(43) од Скопје.

Како што информира МВР, тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор од две години за сторено кривично дело "кражба" по  член 235 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната, велат од МВР.