-->
-->
Приведен крадец од Трубарево за издржување двегодишна казна затвор
-->
Полициски службеници од Оперативен тим Потраги во содејство со Единицата за интервентна полиција, ноќеска во 1.40 часот на подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода И.Н.(24) од скопско Трубарево.
-За него била распишана централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје. Тој бил осуден на казна затвор во времетраење од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи.
МВР информира дека И.Н. е предаден во полициска станица за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар
-

Снег на Попова Шапка, задолжителна зимска опрема за возилата
-

Полиција потврди дека крадците испразниле 3.000 сефови од трезорот на Шпаркасе банка во Гелзенкирхен
-

Во Норвешка речиси сите нови автомобили во 2025. беа електрични
-

Двајца загинати откако возило заврши во Радика
-

Запалениот бар во Кран Монтана имал неколку излези за евакуација, но гостите не ги нашле, тврди шефот на полицијата
-

Идентификувани 113 од 119-те повредени во пожарот во Кран-Монтана
-

Израел погодил десетина цели на Хезболах во јужен Либан
