Македонија
24. July 2021 - 10:11

Приведен дилер од Гостивар

Синоќа во 23 часот на ул.„Никола Парапунов“ во Гостивар полицијата го лишила од слобода Д.С. (40) од Гостивар затоа што кај него биле пронајдени три кеси со кафеава прашкаста материја.

Како што информира денеска МВР, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.