Приведен албански државјанин за подметнување пожар над гостиварско Пожаране
Денеска (04.08.2021) во 15.10 часот од страна на полициски службеници од Полициско одделение Галате лишен од слобода е Л.А. (32) од Р.Албанија, кој илегално престојувал во државата, поради постоење основи на сомнение дека подметнал пожар над гостиварско Пожаране. и тој ќе биде задржан за понатамошна постапка.
Едно лице е осомничено и за пожарот во Старо Нагоричане и полициските службеници веќе постапуваат во координација со Јавен обвинител.
Во текот на вчерашниот ден (03.08.2021), пак,благодарение на брзата интервенција на полициска патрола и на екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје спречен е пожар од поголем размер пред село Блаце кон Катланово, за кој две лица се под сомнение за негово предизвикување и се работи на расчистување и на овој случај.
МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец.
Предизвикувањето на пожар намерно или од невнимание претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни поднесоци и за кое е предвидена и затворска казна до 8 години (член 227 од Кривичниот законик), зависно од видот на пожарот и другите околности и последици.
Ново на Сител
-
Со добра понуда и бројни настани Охрид може да привлекува туристи преку цела година
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо