-->
-->
Приведен 51-годишник од Пепелиште, при претрес пронајдени се 25 туби со по 20 литри нафта за кои не поседувал документација
-->

На 04.02.2026 во 17:25 часот во с.Пепелиште, неготинско, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграциии го лишија од слобода О.П.(51) од с.Пепелиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од КЗ.
Полициските службеници запреле патничко возило „ровер фрилендер" со велешки регистарски ознаки, кое О.П го управувал и при извршен преглед, во возилото биле пронајдени и одземени 25 туби со по 20 литри нафта за кои не поседувал соодветна документација.
Тој е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Неготино, а по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
-

Намален прометот во индустријата во јануари
-

Пролетна акција за чистење во Скопје, институциите заедно за почиста и уредена урбана средина
-

Савески изгласан за нов државен јавен обвинител
-

Татко крадел пари од црква додека со него било неговото малолетно дете
-

Валандовец украл автомобил и го управувал без возачка
