-->
-->
Приведен 33 годишник од Битола, при претрес на неговиот дом пронајдени се дрога и воздушна пушка
-->
Денеска (14.05.2025), полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Демир Хисар го лишиле од слобода М.Ш.(33) од Битола, со привремено живеалиште во с.Ракитница,демирхисарско.
Врз основа на наредба од Основен суд Битола, извршен бил претрес во домот и помошните простории кои ги користи М.Ш. во с.Ракитница, при што биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, дигитална вага, воздушна пушка и дијаболи.
По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МотоГП: Марк Маркез ја освои ГН на Италија
-
Бублик го совлада Медведев за титулата во Хале
-
Милан бара од 15 до 18 милиони евра за Мората
-
Терористички напад во грчка православна црква во Дамаск, најмалку 15 мртви
-
Герасимовски: Нови кошаркарски табли, детски реквизити, канти и клупи на повеќе локации во Центар
-
Славески: Најновите проекции на Народната банка покажуваат забрзување на растот и намалување на инфлацијата
-
Ен-Би-Си: Иран пред нападот го предупредил Трамп дека ќе ги активира терористичките скриени ќелии во САД
-
ДОМ: Ја напуштаме коалицијата со СДСМ