Приватните автобуски превозници се уште на протест со блокада на бул.„Илинден“
– Приватните автобуски превозници се уште протестираат со блокада на булеварот „Илинден“ околу Градот Скопје. Откако не беше одговорено на нивното барања за средба со градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, тие чекаат да бидат примени од Владата.
– Се уште сме тука на булевар „Илинден“, сега веќе чекаме да не примат од Владата. Затоа што немаме комуникација со Градот, побаравме помош од поголема инстанца на државата, изјави Кемал Муриќ од „Слобода превоз“, во изјава за МИА.
Приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ започнаа со блокада на главниот град на 28 ноември кога со околу 30 автобуси на крстосницата кај ТЦ „Мавровка“, односно булеварите „Гоце Делчев“ и „Крсте Петков Мисирков“, побараа да им бидат исплатени долговите за да можат да почнат повторно со работа.
Откако немаше исход, приватните превозници на 5 декември оваа година направија поголема блокада со поставување на околу 200 автобуси на неколку главни точки во главниот град, односно крстосниците пред ТЦ Мавровка, Црвен Крст, како и булеварот „Илинден“. Во петокот ги одблокираа крстосниците кај Мавровка и Црвениот крст, и останаа да протестираат само на бул. „Илинден“ во околината на Град Скопје.
Ново на Сител
-
Обвинители на 22 американски држави ја тужат администрацијата на Трамп поради кратење на научното финансирање
-
Средба на Сиљановска - Давкова со директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи
-
Андоновски: Ќе се ревидира упатството за постапување на училиштата при хибридни закани
-
Во сообраќајка кај Струга повредени четири лица, од кои тројца се полицајци
-
По апсењето на градоначалникот на Тирана, опозицијата бара оставка на Рама
-
Владата на Србија тврди дека ги исполнила сите барања на студентите
-
За градоначалникот на Тирана, затворски, за сопругата, која е надвор од земјата, куќен притвор
-
Трамп: Палестинците ќе добијат нови домови, но не во Газа