Притвор за велешанец поради хероин
Триеседневен притвор за 24-годишен велешанец, кај кого биле пронајдени околу 27 грама хероин за продажба.
-Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен велешанец поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, информираат од Јавното обвинителство.
Осомничениот на 20 јули неовластено заради продажба држел наркотична дрога – хероин во количина од 26,76 грама. Дрогата ја купил од Скопје по што со автомобил управуван од негов пријател се враќал кон Велес, движејќи се по автопатот А1. На наплатната станица Сопот овластени полициски службеници од СВР Велес го сопреле возилото и констатирале дека наркотичната дрога ја држи во џебот.
-Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство и да ја попречува истражната постапка со влијание врз сведокот како и основан страв дека може да го повтори делото, Основното јавно обвинителство Велес до судијата на претходна постапка при Основен суд Велес поднесе предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена., соопштуваат од обвинителството.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова доби револвер од Ердоган, подарокот нема да го користи
-

Тема на денот со Валдеси Уркиза, генерален секретар на Интерпол
-

Почна судењето за серискиот убиец од Драгоманце
-

Охриѓанец проголтал дрога сакајќи да ја сокрие од полицијата
-

Генералниот секретар на Интерпол: Северна Македонија е наш важен партнер во борбата со криминалот
-

Власта се уште без одговор од опозицијата за Изборниот законик
-

Функционери од ВЛЕН задржани на границата со Албанија, се бара објаснување од Тирана
-

Нема веќе организирање подарувања без дозвола и надомест од 100 евра
