Притвор за струмичанец уапсен за дрога на патарината Миладиновци
ОЈО Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Од Обвинителството информираат дека судија на претходна постапка го прифати предлогот за притвор од 30 дена.
Осомничениот 43-годишник од Струмица, на 2 април, на наплатната рампа Миладиновци кај Скопје, се возел како сопатник во автомобил Мерцедес, а кај себе неовластено за продажба држел 10,27 грама хероин. Дрогата, спакувана во две полиетиленски пакувања, ја пронашле овластени службени лица, кои веднаш ја одзеле, соопшти ЈОРМ.
Надлежниот јавен обвинител, поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судијата го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Откриени две комбиња што превезувале патници без лиценци
-
Поплави во Чешка и Полска по циклонот „Борис“
-
Велешанец на граница фрлил кутија од цигари во која имало дрога
-
Девојче, жена и маж се повредени – со возило излетале од пат кај Страцин
-
Папа Франциск: Трамп и Харис се „против животот“, гласајте за „помалото зло“
-
Столтенберг: НАТО можеше да стори повеќе за да се спречи војната во Украина
-
Приведен прилепчанец затекнат при кражба во викендица
-
Искрење од жици, запалена трева, стрниште и плевна причини за пожари - кривични за 4 битолчани