Притвор за струмичанец уапсен за дрога на патарината Миладиновци
ОЈО Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Од Обвинителството информираат дека судија на претходна постапка го прифати предлогот за притвор од 30 дена.
Осомничениот 43-годишник од Струмица, на 2 април, на наплатната рампа Миладиновци кај Скопје, се возел како сопатник во автомобил Мерцедес, а кај себе неовластено за продажба држел 10,27 грама хероин. Дрогата, спакувана во две полиетиленски пакувања, ја пронашле овластени службени лица, кои веднаш ја одзеле, соопшти ЈОРМ.
Надлежниот јавен обвинител, поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судијата го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Во „Синџир“ обвинети петнаесет лица вработени во УЈП
-
Адеми: Недозволиво е да се носат законски измени по примерот на Кривичен, без да се консултира судската фела
-
Работен ручек на Фон дер Лајен со лидерите од Западниот Балкан
-
Кривична пријава против осум лица и три компании поради смртоносната сообраќајка во која загинаа татко и син
-
Следните два дена променливо облачно време, викендот сончево со пораст на температурата
-
Мицкоски за посетата на Брисел: Подготвивме најквалитетен документ за Планот за раст, ќе ги одбраниме и националните интереси
-
Претрес во Куманово, приведено едно лице
-
Дурмиши: Цените нема да се замрзнат, маржата ќе се ограничи до 10 отсто