-->
-->
Притвор за Србин фатен како криумчари мигранти кај Демир Капија
-->
Вчера околу 07.30 часот на автопатот Удово-Неготино, кај тунелите кај Демир Капија, полициски службеници дале знак за запирање на патничко моторно возилоПМВ „Голф“ со скопски регистарски ознаки и товарно моторно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки кои не застанале.
Патничкото возило се исклучило кон Демир Капија, а товарното возило продолжило со движењето и на околу 500 метри после клучката застанало, возачот излегол и побегнал.
Меѓутоа, по кратко време бил приведен од полициските службеници при што е утврдено дека станува збор за лицето Н.С. (38) од Р.Србија.
По извршениот преглед на возилото биле пронајдени 47 лица-мигранти од Сирија, Ирак, Пакистан и Авганистан.
Лицето Н.С. заедно со мигрантите се приведени и задржани во ПС-ОН Неготино за понатамошна постапка.
Од страна на судија на претходна постапка на српскиот државјанин одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
РЦ за ГР Југ поднесе кривична пријава против Н.С. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк