Притвор за скопјанецот кој пукаше во шурата пред ноќен клуб

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Ф. (42) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“, за што од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
На 4 овој месец околу 01.40 часот пред ноќен клуб на ул. „Димитрије Чуповски“ пријавениот, по претходна расправија со неговиот шура Е.М. (39), со огнено оружје се обидел да го лиши од живот, при што му нанел тешки телесни повреди.
Имено откако започнале вербална расправија дошло до тепачка при што С.Ф. од огнено оружје испукал два истрели кон Е.М. кој бил брат на неговата сопруга.
На истиот му била укажана медицинска помош во УЦ- Скопје и од страна на лекар му била констатирана тешка телесна повреда (прострелна рана во пределот на десната дланка) и повреда во пределот на стомакот по што бил пуштен на домашно лекување.
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
