-->
-->
Притвор за осомничениот за подметнување на пожарот во угостителскиот објект во Охрид
-->
Секторот за внатрешни работи – Охрид поднесе кривична пријава против лицето М.У.(20) од Скопје, осомничено дека е подметнувач на пожарот во кој целосно изгоре угостителски објект во зградата на Градскиот пазар во Охрид.
Според полициското соопштение, осомничениот на 10-ти овој месец во 03:40 часот, со уште едно лице со запалива течност го предизвикал пожарот во објектот на булеварот „Туристичка“ во Охрид.
На М.У. му е одреден притвор од 30 дена. Осомничениот е префрлен во Казнено - поправната установа „Затвор“ - Охрид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Водици и Денот на рибарите магнет за туристите
-
Преглед на вестите од светот
-
Револт кај Македонската Фаланга од данските судии - играчите и навивачите сепак не се обесхрабрени
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ