-->
-->
Притвор за лицето кое нападна полицаец во Слупчане
-->

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 32-годишен жител на сeло Слупчане, Липково, поради основано сомнение дека извршил кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот Законик.
Осомничениот на 29.09.2019 година со употреба на опасно орудие нападнал службено лице-полицаец и при тоа телесно го повредил. Полицаецот бил во состав на мото патрола, упатена да го пронајде и приведе осомничениот во полициска станица. Во моментот кога службените лица го пронашле и презеле дејствија за приведување, осомничениот го нападнал полицискиот службеник со метална шипка и му нанел повреда во пределот на стомакот.
Во насока на обезбедување услови за непречено одвивање на кривичната постапка, надлежниот обвинител достави предлог до Основниот суд Куманово за определување на мерка притвор за осомничениот. Судот по спроведена постапка донесе Решение со кое на осомничениот му е определен притвор во траење од 8 дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Јотова и Ѓуров одат во вториот круг избори за претседател во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Тема на денот со Александар Миладиновиќ, новинар на Би Би Си на српски јазик
-

Секојдневие во голема беда и мизерија - руски рулет со животот во куќа која секој момент може им урне на главите
-

Неопходно е да се подигне свеста кај граѓаните за заштита на природата
