Притвор за гостиварец осомничен за шверц на кокаин
Министерството за внатрешни работи по спроведена истрага спречи меѓународен транспорт на кокаин во вкупна тежина од 580 грама, при што од слобода е лишен М.А.(73) од Гостивар осомничен за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Од страна на судија на претходна постапка по поднесената кривична пријава на осомничениот определена му е мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти денеска МВР.
Инаку, по преземените мерки и активности, стои во соопштението, утвдено е дека пријавениот, од засега непознато лице-албански државјанин преземал наркотична дрога кокаин со намера истата да ја транспортира и предаде на лице во Австрија, со што би се стекнал со против правна имотна корист од 700 евра. Во периодот од 12 до 18-ти месецов М.А. остварил средба со лицето во Гостивар, при што му била предадена патничка торба-црна боја во кој била сместена наркотичната дрога кокаин и 350 евра, а останатите 350 евра требало да му бидат дадени од лицето во Виена, по успешниот меѓународен транспорт.
На 20.08.2016 година на ГП Табановце на излез од Р.Македонија во автобус со охридски регистарски ознаки кој сообраќал на линија Струга-Виена, од страна на полициски службеници и царински службеници од Царинската Управа на РМ, автобусот е селектиран за детална контрола и при претрес пронајдена е патничката торба на седиштето до пријавениот и во неа пронајдено е полиетиленско пакување со прашкаста материја, за што по извршени прирачни тестови утврдено е дека се работи за наркотична дрога кокаин.
Пронајдената прашкаста материја, соопштуваат од МВР, е доставена до Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при МВР на РМ заради понатамошно вештачење, при што од извршеното вештачење утврдено е дека се работи за наркотична дрога кокаин во количина од 580 грама.
Ново на Сител
-
Иницијативата „Кој е следен“ бара реформи во правосудството
-
Тема на денот со Зоран Димитровски, заменик министер за надворешни работи
-
Фатени 188,6 килограми марихуана на ,,Богородица"- Требала да заврши во Турција
-
Владата денеска нема да ги замрзне маржите
-
Партиите со различни ставови за промена на државниот грб, владата се уште нема идејно решение
-
Филипче обвинува за партизација – ВМРО ДПМНЕ му врати дека грижата му е лицемерна
-
Власта го продолжува работниот век на постојните судии до 67 години
-
Македонците не ги интересира политика но не пропуштаат вести