Притвор за две лица, а превентивни мерки за 17 од акцијата „Геодет“
Притвор за две, а превентивни мерки за 17 лица кои беа приведени во акцијата „Геодет“, им одреди судијата по претходна постапка по предлог на скопското Јавно обвинителство.
- Во Основниот суд Скопје 1 - Скопје во текот на вчерашнот ден пред судија на претходна постапка беа доведени 19 лица од Скопје, приведени во акцијата „Геодет“. Јавното обвинителство од Скопје за 17 лица до судија на претходна постапка достави Предлог за определување на превентивни мерки, а за две лица е доставен Предлог за определување на мерката притвор, стои во денешното соопштение од Основниот суд Скопје 1 - Скопје.
По разгледување на предлозите и на фактите и околностите, судијата на претходна постапка постапи и донесе одлука со која се определува, како што се наведува во соопштението, притвор за две лица за кривични дела –„примање поткуп“ од чл.357 ст.1 и „злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл.353 ст.1 в.в со чл.22 и чл. 45 од Кривичниот законик.
- Забрана за напуштање на престојувалиште, односно живеалиште, привремено одземање на патна исправа и забрана за преземање на работни активности поврзани со кривичното дело, за девет лица за кривичното дело – „злоупотреба на службена положба и овластување“. Забрана за напуштање на престојувалиште, односно живеалиште и привремено одземање на патна исправа за еден осомничен за кривично дело – „поткуп“, за еден осомничен за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и за шест лица за кривично дело „поднесување на лажни докази“, се наведува во соопштението од Кривичниот суд
Ново на Сител
-
ЕУ одобри 60 милиони евра помош за Вооружените сили на Либан
-
Пристигнува револуцијата на доставата во Македонија!
-
Просечната нето плата во ноември 41.999 денари
-
Му кажале дека има 17.000 долари на сметка но за да ги подигне треба да внесе пари, 58-годишник измамен во Тетово
-
25-годишен радовишанец се обиде да ограби дом на 77-годишник
-
Во декември годишен раст од 12,4% на депозитите, а 11,2% на кредитите
-
Променливо облачно со сончеви периоди, со пораст на дневната температура
-
Основните минимални трошоци во јануари зголемени за 391 денар, за ССМ оправдано е барањето за зголемување на платите