Притвор за две лица од Струга за опожарување возило на охриѓанец
Мерка притвор од 30 дена им е изречена на две млади лица поради опожарување возило во Охрид, информираат вечерва од Министерството за внатрешни работи.
Полициски службеници од ОВР - Струга вчера ги лишиле од слобода 24-годишниот стружанец В.М. и Р.А., 18-годишно лице од струшко Радолишта, откако на 8 ноември, 36-годишниот охриѓанец М.Г. пријавил дека пред неговата куќа во Охрид, опожарено било возило „бмв“, што тој претходно го управувал и паркирал пред куќата.
- Лицата се спроведени во полициска станица, а во службениот разговор, В.М. во целост го признал извршеното кривично дело. Денеска до ОЈО - Охрид е поднесена кривична пријава против двете лица за извршено кривично дело по член 288 од КЗ и од страна на судија на претходна постапка, на двете лица изречена им е мерка притвор од 30 дена, појаснуваат од Министерството за внатрешни работи.
Ново на Сител
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер
-
Курти поднесе оставка