-->
-->
Притвор за 30-годишниот Д.С. од Кочани кој го убил својот татко
-->
Триесетгодишниот Д.С. од Кочани го извршил убиството врз неговиот 55-годишен татко В.С. во семејната куќа во кочанската населба Усова чешма.
Портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова на денешната прес-конференција рече дека пријавениот кривичното дело го извршил на 30 септември околу пет часот во семјениот дом на ул.„Климент Охридски“ во Кочани, при што со нож му нанел убодни рани во пределот на градите, а кој по кратко време од здобиените повреди починал. Претходно, 30-годишнито Д.С. пријавил дека неговиот татко физички ја нападнал неговата мајка 46-годишната Н.С.
Одделението за криминалистичка полиција на СВР Штип и надворешната канцеларија за криминалитички работи-Кочани во содејство со Секторот за општ и насилен криминал, единица за крвни и секусални деликти при МВР до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против Д.С. од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“, рече Панајотова.
Д.С.е приведен во полициска станица, а од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во трање од 30 дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обработени 93,30% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати
-
Мицкоски: Поразен е бојкотот на ДУИ, време е да одат со СДСМ во опозиција
-
ДИК: Обработени 90,40% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 390.345, СДСМ 136.748
-
Ковачевски: На СДСМ му е зададен тежок удар
-
ДИК: Силјановска Давкова со повеќе од двојна предност пред Пендаровски
-
Димитриевски: Повеќе нема да живееме во црно-сив свет, честитам на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ
-
Силјановска Давкова: Наградата е непроценлива за мене
-
Обработени 82,38% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59 мандати, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати