Свет
8. April 2020 - 11:38

Научниците ја негираат поврзаноста помеѓу коронавирусот и 5G мрежата

Заедницата на научници упати остри критики кон теоријата на заговор која тврди дека 5G технологијата помага во ширењето на коронавирусот.

На социјалните мрежи се појавија вирални видео снимки кои зборуваат за тоа дека 5G технологијата и коронавирусот се поврзани, но научниците велат дека овие теории се неточни и невозможни.

Ваквите теории за првпат се појавија на Facebook кон крајот на јануари, во исто време кога се забележани првите случаи на заразени со COVID-19 во САД.

Поделени во две групи, едни тврдат дека 5G технологијата го ослабнува имунолошкиот систем на луѓето и ги прави да бидат подложни на вируси. Други сметаат дека вирусот може да се пренесе со користење на оваа технологија.

Професорот Симон Кларк објаснува дека овие тврдења се неточни.

„Вашиот имунолошки систем може да биде загрозен поради лош начин на исхрана, стрес и умор, но 5G технологијата има мали радиобранови кои не можат да влијаат на имунолошкиот систем“, вели тој.

Постои голема маана во оваа теорија на заговор а тоа е дека вирусот се шири и во земји во кои сè уште не е воведена 5G технологијата.