Притвор од 30 дена за напаѓачот кој претепа скопјанец на кеј „13 Ноември“
Напаѓачот кој на 3 август на кеј „13 Ноември“ физички го нападна 66-годишниот скопјанец кој потоа почина од нанесените повреди, е фатен и одредена му е мерка притвор од 30 дена.
Од МВР денеска информираа дека е поднесена кривична пријава против 43-годишниот А.Б. Тој на 3 август околу 2 часот по полноќ во алкохолизирана состојба дошол пред монтажниот објект за продажба на книги каде во тој момент престојувал сега починатиот С.М. и започнал да тропа по прозорците. Откако С.М. му отворил, напаѓачот почнал вербална расправија и без никаков повод физички го нападнал удирајќи го со тупаници и клоци по телото и главата.
Од ударите С.М. се здобил со нагмечување на мозочната маса и пренесен е во Ургентниот центар во Скопје каде на 11 август им подлегна на повредите.
Врз телото на починатиот е извршена обдукција при што е констатирано дека се работи за насилна смрт која настапила како последица од нанесената тешка телесна повреда.
Од Јавното обвинителство денеска соопштија дека се исполнети законските обврски за определување на мерката притвор.
- Надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети законските основи за определување на мерката притвор за осомничениот и достави Предлог до Основниот суд Скопје 1 – Скопје. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и на осомниченото лице со Решение му изрече мерка притвор во времетраење од 30 дена, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња