-->
-->
Пристигнаа 20.000 вакцини Астра Зенека донација од Хрватска
-->
Утрово во земјава пристигнаа 20.000 вакцини на „Астра Зенека“, донација од Република Хрватска, информираше Министерството за здравство.
Вакцините веќе од следната недела ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови низ земјата. Ова е втора донација на вакцини „Астра Зенека“, од страна на хрватската Влада. На почетокот од месец јули донација од 10.000 вакцини, донесе министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман.
Солидарноста и подадената пријателска рака во време на пандемијата е чин што целиот процес на борба против корона вирусот го прави поуспешен. Министерот за здравство д-р Венко Филипче изразува голема благодарност до хрватската Влада за овој чин на солидарност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен полициски началник
-
Четири кривични пријави за екс директорот на СОЗР
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Муслиу не бил дискриминиран по полова и политичка припадност, одлучи Уставен
-
Студентското радио на УКИМ заминува во историјата
-
Пријава за 4 дела за Пеце Мирчевски
-
Полиција влезе во МВР – сомнеж во јавните набавки за сервис на полициските возила