Пристапот до антиковид вакцините, тема на разговорот на Димитров и Османи со Борел
Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и шефот на македонската дипломатија Бујар Османи на денешната средба со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел, разговарале за вакцините и за регионалните предизвици, јави дописничката на МИА од Брисел.
Од кабинетот на шефот на европската дипломатија, попладнево информираа дека средбата била „искрена и отворена“ и станало збор за „неспорната перспектива“ за членство во ЕУ на Македонија, како и за начинот да се деблокира почетокот на преговорите.
Борел, Димитров и Османи разговарале и за регионалните прашања, вклучително и за пристапот до вакцини за Македонија, како и за земјите од Западниот Балкан.
ЕУ нагласува дека на располагање ставила 70 милиони евра за регионот, од кои осум милиони се за Македонија, за да се покрие набавката на дози и на потребна опрема за вакцинација, но за сега вакцини за земјите надвор од ЕУ сѐ уште нема, и покрај ветувањата на Унијата и на механизмот Ковакс.
Нарачките од фармацевтските компании доцнат и за земјите членки, но во ЕУ се надеваат дека откако ќе се добијат потребните дози за втората рунда вакцинација ќе може да се забрза процесот и за третите земји, вон ЕУ.
Ново на Сител
-
ЈП „Исар“- Штип воведе 24 часовна стражарска служба на градската депонија
-
Државата ќе ги плати трошоците за складирање на јачмен се до постигнување подобра цена за земјоделците
-
Преглед на вестите од светот
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен