Приштински медиуми: Матис наведе дека Косово треба да формира војска
Приштинските медиуми тврдат дека новата американска администрација смета дека Касово треба да формира војска и очекува дека Белград ќе ја признае независноста на Косово пред влезот во ЕУ.
Со доаѓањето на новата администрација на претседателот Доналд Трамп, политиката на САД кон Косово останува иста, наведуваат косовските медиуми.
Телевизијата „Клан Косова“ тврди дека, во делот на документите на 56 страници што се однесуваат на американските одбрамбени реформи, новиот министер за одбрана на САД Џејмс Матис напишал дека Косово треба да формира своја војска и дека се верува оти „Србија ќе го признае Косово пред двете земи да влезат во ЕУ“.
Пред да се намали бројот на американски војници во Косово, безбедносните сили на Косово треба да добијат мандат за внатрешна безбедност и територијална заштита, за што се неопходни уставни промени, со поддршка на собранието, напишал Матис, тврди „Клан Косова“.
Претседателот на Косово Хашим Тачи синоќа го поддржал ставот на Матис, јави „Радио Слободна Европа“.
Тачи изразил надеж дека американската администрација ќе продолжи да го поддржува Косово.
Ново на Сител
-
Перински во Чаир: Владата стои зад општините
-
УГД ќе гради нова зграда за факултетот по медицински науки
-
Обучени волонтери ќе се вклучуваат во гаснење пожари
-
Карневалски подготовки во Струмица
-
Реконструкција на Охридскиот аеродром и Скопската болница
-
Преглед на вестите од светот
-
Чествување на Свети Ѓорѓи Кратовски
-
Избори во Германија