Приштина: Демаркацијата на косовско-црногорската граница е во ред
Владата на косовскиот премиер Иса Мустафа соопшти дека „не ни помислува“ да потклекне пред критиките околу демаркацијата на границата меѓу Косово и Црна Гора.
Како што јави дописникот на МИА, извори од Владата тврдат дека актуелната верзија на договорот за демаркација е во ред и оти тој наскоро ќе биде доставен за ратификација во Парламентот.
- Владата смета дека тоа прашање е добро прочешлано и она што е заклучено од двете комисии е дека граничната линија со Црна Гора е во ред и докуменот набрзо ќе биде доставен за ратификација во законодавниот дом, изјави советникот за политички прашања на премиерот Мустафа, Фатон Абдулаху,
Инаку, освен трите опозициски партии, Алијасата за иднината на Косово, Движењето „Самоопределување“ и Иницијативата за Косово, кои од самиот почеток се противат на договорот за демаркација поради, според нив, отстапување на косовска територија на Црна Гора, од неодамна против спогодбата се изјаснија и пратеници од редовите на владејачкото мнозинство.
Според последните информации, кои ги пренесува електронското издание на приштинскиот весник „Експрес“, најмалку шест пратеници од владината коалиција јавно се произнеле дека ќе гласаат против ратификација на ова верзија на договорот за демаркација на границата со Црна Гора.
Ново на Сител
-
Почувствуван земјотрес во Штип и околината
-
Роналдо: Не сум јас виновен што сум најпознат и најпопуларен, бројките не лажат
-
Карлсен го повика претседателот на ФИДЕ да поднесе оставка
-
Мексико: Уапсен злогласниот „Ел Рики“ – вториот човек на картелот Норсете
-
Средба на министерот Тошковски со норвешката амбасадор Кристин Мелсом
-
Сиљановска-Давкова ќе учествува на одбележувањето на 153-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев
-
Продолжуваат земјотресите во близина на Санторини - се проценува дека грчкиот остров го напуштиле над 5.000 лица
-
Кина воведува реципрочни царини за јаглен и течен природен гас од САД