Природниот прираст негативен
Природниот прираст во земјава во четвртиот квартал од 2019 година е негативен и изнесува минус 49, односно за толку бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица, објави Државниот завод за статистика.
Во најголемиот дел општини има негативен прираст. Во Битола минус 127, Прилеп минус 81, Охрид минус 51, Штип минус 43, Гевгелија минус 39, Кичево минус 35, Делчево минус 23, Куманово и Велес, Македонска Каменица и Кратово минус 18, Пробиштип минус 16, Демир Хисар минус, Крива Паланка минус 10….
Во скопските општини негативен прираст има во Гази Баба од минус 60, Карпош минус 49, Крисела Вода минус 41, Ѓорче Петров минус 34.
Позитивен прираст има во Тетово 113, Студеничани 80, Струга 43, Липково 38, Желино 22, Илинден 11, Зелениково 10, Долнени 14 и во Скопје девет.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2019 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 0,5 отсто и изнесува 5 103 живородени деца.
Бројот на умрените лица бележи намалување од 1,1 отсто во споредба со истото тримесечје од 2018 година и изнесува 5 152 лицa, а од нив 32 се умрени доенчиња.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 5,2 отсто во споредба со истиот период од 2018 година и изнесува 3 381 брак.
Во полседниот квартал лани се регистрирани 592 разведени бракови.
Ново на Сител
-
Влада: Исплаќаме 1 милијарда денари за заостанати субвенции од претходната влада
-
Напаѓачот на Трамп се криел во грмушките 12 часа пред да биде фатен
-
Мета ги забрани руските државни медиуми на своите платформи
-
Уапсен Пи Диди во Њујорк - Обвинет за трговија со луѓе
-
Ограбена спортска обложувалница во Влае
-
Дел од Аеродром и Центар денеска без вода
-
Во Собранието ќе се одбележи Меѓународниот ден на демократијата - 15 Септември
-
Фон дер Лајен треба да го претстави новиот состав на Еврокомисијата