-->
-->
Припадници на Фронтот ал Нусра уапсени во Турција
-->
Турски полицајци од силите за борба против тероризмот во Адана, Јужна Турција, привеле 11 осомничени припадници на Ал Нусра во истовремени акции во градот вчера, објави „Хуриет дејли њуз“.
Полицијата била во потрага по вкупно 13 лица.
Се смета дека осомничените биле во контакт со борци на Ал Нусра во Сирија и во други турски градови. Според коминике на полицијата во Адана, тие веројатно биле вмешани во врбување на други борци, кои би се бореле во Сирија.
Постојат сомневања дека приведените наоѓале средства за терористичката група и организирале предавања и состаноци за дејностите на Ал Нусра.
Фронтот ал Нусра, што дејствува главно во Сирија, се смета за терористичка организација од Турција од 2014 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Папата и ајатолахот Ал-Систини испратија порака за мирен соживот на муслиманите и христијаните во Ирак
-
Д-р Беќаровски: Затворете ги Градскиот парк и Водно од 22-04 часот - 0% економска загуба, голем здравствен ефект
-
Запленети 700 килограми марихуана на јужната граница
-
Модуларната болница почна со прием на пациенти, вкупно 795 хоспитализирани во државата
-
Македонија се подготвува за квалификациските дуели со Данска
-
Тема на денот со претседателката на ДОМ, Маја Морачанин
-
Голема полициска акција попладнево во Гевгелија
-
ВМРО-ДПМНЕ бара оставки за доцнењето со имунизацијата