-->
-->
Припадници на Фронтот ал Нусра уапсени во Турција
-->

Турски полицајци од силите за борба против тероризмот во Адана, Јужна Турција, привеле 11 осомничени припадници на Ал Нусра во истовремени акции во градот вчера, објави „Хуриет дејли њуз“.
Полицијата била во потрага по вкупно 13 лица.
Се смета дека осомничените биле во контакт со борци на Ал Нусра во Сирија и во други турски градови. Според коминике на полицијата во Адана, тие веројатно биле вмешани во врбување на други борци, кои би се бореле во Сирија.
Постојат сомневања дека приведените наоѓале средства за терористичката група и организирале предавања и состаноци за дејностите на Ал Нусра.
Фронтот ал Нусра, што дејствува главно во Сирија, се смета за терористичка организација од Турција од 2014 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Поевтинуваат горивата, Мицкоски бара маркетите веднаш да ги намалат цените на основните производи
-

Размена на ресори можна опција во владината реконструкција
-

Гаши утре на средба со бугарската колешка Доцова во Софија
-

Амандманска расправа за законите за судска и јавнообвинителска служба
-

Сите осомничени за криминалот во ФФМ се обезбедени
-

Нема решение за 50-те лица кои останаа без договори за работа на Детска клиника
-

Партиите со меѓусебни обвинувања – Кој ги брка младите од државата?
-

Сиљановска: Без финансии нема независно судство
