Принуден одмор за администрацијата во Анкара поради жештините
Градските власти на Анкара го прогласија утрешниот ден за неработен за сите вработени во државната или локалната адмиснитрација, кои „не се чувствуваат добро и страдаат од хронични болести“, како и за бремените жени и за лицата со посебни потреби.
Ваквата одлука е донесена поради големата жештина и високите температури што деновиве ја зафатија цела Турција.
Според синоптичарите, во сите 81 региони во Турција последниве денови се измерени температури над просечните за овој период од годината.
Во Истанбул денеска температурата се искачи до 38 степени Целзиусови, додека најтопло време е регистирано во реонот на Анталија, каде живата во термометрите достигна речиси до 50-от степен.
Синоптичарите за утре предвисуваат уште потопло време, но веќе од вторник се очекува намалување на темепартурите и дождлив бран, што прво ќе ги зафати северозападните делови на земјата и реонот на Истанбул.
Ново на Сител
-
Тензична собраниска седница за надзор на работата врз АНБ
-
Мицкоски: ДУИ е фактор на дестабилизација, за тоа е загрижена и меѓународната заедница
-
Суспендираниот Хајрулахи се жали на притисоци од државниот јавен обвинител
-
Регионална конференција за е-трговија
-
Левица бара Собранието да расправа за депонијата во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
Алтернативи за прочистување на воздухот: Подготвена ли е Македонија да ги следи светските трендови?
-
Тема на денот со Имер Селмани