Принцот Хари, наводно, не сакал да биде во иста соба со кралицата Камила при разговорот со татко сѝ
Принцот Хари, наводно, не прифатил да биде во иста просторија со кралицата Камила кога разговарал со својот татко, кралот Чарлс, открива нејзината пријателка, британската новинарка Петронела Вајат.
Војводата од Сасекс минатата недела полета од САД до Лондон, Англија, за да се види со својот татко, откако на монархот ненадејно му беше дијагностициран рак. Не е тајна дека Хари и Камила имаат проблематични односи откако принцот проговори за тоа во своите мемоари „Резерва“. Тој, имено, напиша дека неговата маќеа објавувала приказни за кралското семејство во медиумите за да го подобри својот имиџ. Исто така, ја нарече „опасна“ и „зла“ и тврди дека работела на својот углед искористувајќи го него самиот, пренесува „Индекс“.
„Имам сложени чувства кон мојата маќеа која неодамна ме жртвуваше само за подобар углед во јавноста“, вели Хари.
Тој исто така рече дека тој и неговиот брат – принцот Вилијам „го молеле“ нивниот татко да не се ожени со Камила бидејќи „се плашеле дека таа ќе стане нивната злобна маќеа“.
„Таа беше третата личност во бракот на моите родители, таа мораше да го обнови својот углед. Тоа ја направи опасна поради врските што ги изгради со британскиот печат. Поради тие нејзини контакти, имаше отворена подготвеност од двете страни за споделување информации“, додава војводата од Сасекс.
Три месеци по објавувањето на книгата, претставник на Камила го пренесе нејзиниот одговор кон Хари за „Сандеј тајмс“. Според гласноговорникот, таа наводно само „превртела со очите“. Нејзината блиска пријателка Фионе Шелбурн исто така за британскиот печат изјави дека на Камила многу нешта навистина „ѝ пречат“ во односот со принцот Хари.
Ново на Сител
-
Укината блокада на трите гранични премини меѓу Косово и Србија
-
Ангелов: Попладневните дождови помогнаа во гаснењето на пожарот во прилепско Мариово
-
Бод за македонската репрезентација од гостувањето во Фарски острови
-
Тројца малолетници лишени од слобода поради физички напад во Градски парк
-
Две лица од Кочани лишени од слобода поради сомнение дека извршиле убиство на нивниот сосед во неговиот дом
-
Средношколец од Скопје се заканувал на вработени во училиштето, оштетил инвентар
-
Николовски: Го поставивме лозаровинарскиот сектор како еден од најприоритетните во делот на поддршката од Владата и државата
-
Мелони и Зеленски разговараа за постигнување праведен мир и обнова