-->
-->
Принцот Хари и се налути на Меган на балконот на Бакингемската палата, таа се расплака
-->
Британскиот принц Хари за прв пат направи забелешка на јавно место на својата се уште „свежа“ во однос на кралските манири сопруга – актерката Меган Маркл.За време на традиционалната за кралското семејство појава на балконот на Бакингамската палата актерката најблаго речено „киксна“ откако не престана да зборува, дури и при националната химна „God save the Queen“ – сигурен знак дека е време да се почитува строго молчење. Војводата на Сасекс очигледно и направи забелешка откако, а според специјалисти по читање на усни, точните зборови кои ги изрекол се „Сврти се!“.
Во меѓувреме британските таблоиди се понапорно ја шират веста дека сопругот на кралицата Елизабета Втора, 98-годишниот принц Филип, изјавил за принцот Хари пред свадбата со Меган Маркл дека „човек кој излегува со актерки, никогаш не се жени за нив“. Се проценува дека принцот Хари и неговиот дедо имаат многу силна врска. Принцот Филип дури и се појави на една од првите фотографии на бебето Арчи, заедно со кралицата и дури Рагланд, 62-годишната мајка на Меган.
Принцот Вилијам исто имал грижи за брзината со која се развива врската на неговиот брат. Блиски до кралското семејство пак изјавија за „The Sun“ дека различни членови на британската кралска фамилија изразиле загриженост, но „Хари стои цврсто зад Меган“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
-

Убедлива победа за македонските ракометари на гостувањето кај Словачка
-

Поранешен директор на ЦИА предупредува дека војната со Иран може да трае со месеци
-

Рубио: Не е променета политиката на САД кон Тајван
-

Хрватска доби заем од ЕУ во вредност од 1,7 милијарди евра наменет за модернизација на одбраната
-

Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада
-

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта
-

Путин набрзо ќе ја посети Кина
