Принц Чарлс: Глобалното затоплување е виновно за војната во Сирија
Британскиот принц Чарлс изјави денеска дека глобалното затоплување би можело да биде една од главните причини за војната во Сирија.
- Постојат силни докази дека една од главните причини за овој хорор во Сирија, неверојатно но вистинито, може да биде сушата која траеше пет или шест години, изјави принцот во интервју за „Скај њуз“.
Тој додава дека поради сушата, голем број од луѓето морале да ја напуштат земјата.
- Некои од нас, уште пред дваесет години зборуваа дека ако не се позанимаваме со овој проблем, ќе дојде до уште пожешки конфликти поради недоволен број на ресурси, истакна Чарлс, кој на отворањето на самитит на ОН за климатски промени идната недела во Париз ќе одржи говор.
Принцот Чарлс додаде дека „постои реална шанса банката „мајка природа“ да банкротира“ како во 2008 година што банкротираа финансиските гиганти и предупредува дека ќе биде многу тешко да се постигне договор за намалување на емисиите на штетни гасови.
- Дали навистина треба да се соочиме со катастрофа и хаос за да сфатиме дека треба да преземеме конкретни мерки?, постави прашање 67-годишниот наследник на британската круна и остар заговорник за заштита на животната средина.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васил Стерјовски
-
Амнестирани обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“
-
Рокас: Интензивирани се дипломатските активности, власта да ја спроведе реформската агенда, а ние сме тука да асистираме
-
Посетата на Мицкоски на САД – за ВМРО-ДПМНЕ државен успех, за СДСМ евтина ПР фарса
-
Ахмети со скандалозна изјава од Чашка - Македонците според него зборуваат на бугарски јазик
-
Додека болните чекаат терапија, политичките партии се препукуваат за Онкологија
-
Унгарскиот заем наскоро ќе биде достапен за фирмите
-
Владината програма за 2025 во функција на остварување на стратешките приоритети